Нејзината нова колекција „Submissive dramawear“, младата дизајнерка Ивана Кнез ја опишува како ослободување на внатрешниот порив во кој се преплетуваат страста и интимноста, доминацијата и потчинетоста, еротиката и сензуалноста, искушението и мечтата.
Заштитно лице на новата колекција е Тамара Тодевска.
– Таа е сето тоа што една дива треба да биде, го има сиот суптилен гламур кој една јавна личност треба да го поседува, доволно е храбра за да експериментира и доволно конкретна за да знае како треба да се чувствува на сцена. Беше логично да стане заштитно лице на целата колекција – вели Кнез.
Повеќе фотографии на Ladybook.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.