| четврток, 6 декември 2018 |

Мајли Сајрус заврши во болница

Познатата пејачка Мајли Сајрус (21) во вторникот го откажа концертот во Канзас Сити и е хоспитализирана поради, како што објаснија организаторите, силна алергиска реакција на антибиотици.

Пејачката мора да се одмора и нема да ги одржи предвидените концерти поради што им се извини на обожавателите на „Твитер“.

– Толку многу сакав да бидам вечерва со вас – напиша таа.

Мајли моментално е на турнеја и би требало да одржи околу 60 концерти во Северна Америка и во Европа, од февруари до јуни. Паузата нема да трае долго затоа што в среда навечер ќе настапува во Сент Луис во Мисури.

Еден месец порано го откажа концертот во Шарлот поради грип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top