| четврток, 6 декември 2018 |

Проруски сепаратисти го зазедоа градскиот совет на Донецк

ruski-vojnici-bez-oznaki-blokira-ukrainska-baza-3

Најмалку 20 проруски сепаратисти го зазедоа градскиот совет на источниот украински град Донецк, соопшти портпаролката на советот.

Лицата што ја презедоа зградата се вооружени. Тие не упатиле никакви барања.  Вооружените мажи не ги попречуваат службениците да влезат и да излезат од зградата.

Според портпаролката, тие имаат само едно барање: да биде организиран референдум за федерализација на Украина.

Проруски сепаратисти од 6 април ја окупираа зградата на локалната администрација на донецката област. Тие објавија создавање донецка народна република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top