Милвоки ноќеска ќе биде последната станица за Атланта хоукс и македонскиот репрезентативец Перо Антиќ во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.
„Јастребите“ веќе обезбедија плејоф, што значи дека ќе го гледаме Антиќ во доигрувањето и битката за титулата. Без разлика на исходот од дуелот со Милвоки, Атланта ќе биде осмопласирана во источната конференција и во првата рунда од плејофот ќе оди на мегдан со Индијана пејсерс.
Ноќеска, според најавите на официјалниот клупски веб-сајт на Хоукс, тренерот Мајк Буденхолцер, веројатно, ќе ги одмори главните ѕвезди Пол Милсеп, Џеф Тиг, Кајл Корвер, Демар Керол и Перо Антиќ.
Во истата програма ќе се играат уште 14 натпревари, последни од регуларниот дел од сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.