| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска на средби со граѓани во повеќе населби

2jankuloska500

Носителот на ИЕ 2, Гордана Јанкулоска од ВМРО-ДПМНЕ, за денеска има предвидено средби со голем број граѓани во повеќе населени места.

Во 12 часот Јанкулоска ќе се сретне со населението од Ромско маало и Кадриово маало пред ОУ „Наум Наумовски-Борче“ во населбата Триангла, општина Гази Баба.

Во 13 часот таа ќе оствари средба со населението спроти бензинската пумпа „Лукоил“, општина Гази Баба. Еден час подоцна е предвидена посета на пензионерскиот дом во Автокоманда, општина Гази Баба.

Во 15 часот акција од врата до врата со граѓаните од ул. „Јани Лукровски“, општина Гази Баба.

Последниот настан денеска Јанкулоска ќе го има во 18 часот, на бизнис-форум (Ресторан „Рим Париз“), општина Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top