| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбардерот на Металург на две европски првенства во 2014 година

Ле­ви­от бек на Ме­та­лург има са­мо 18 го­ди­ни, а ве­ќе игра­ше, и тоа мош­не ус­пеш­но, на два ква­ли­фи­ка­ци­ски тур­ни­ра за Ма­ке­до­ни­ја во две раз­лич­ни во­зрас­ни ка­те­го­рии. Со 27 го­ла бе­ше прв стре­лец на тур­ни­рот во Скоп­је со про­тив­ни­ци што беа по­во­зрас­ни од не­го, до­пр­ва го оче­ку­ва­ат на­ста­пи на ЕП во Ав­стри­ја и на ЕП во Пол­ска, а уба­ва­та при­каз­на за мла­ди­от кру­шев­ча­нец про­дол­жу­ва со се­фте на пле­јо­фот од ма­ке­дон­ско­то пр­венс­тво во дре­сот на Ме­та­лург ју­ни­ор

При­каз­на­та за ма­ке­дон­ско­то ра­ко­мет­но чу­до про­дол­жу­ва со но­ви ус­пе­си и во мла­дин­ски­те ка­те­го­рии. Ка­де­ти­те во Умаг, Хр­ват­ска, се из­бо­ри­ја за на­стап на Европ­ско­то пр­венс­тво во Пол­ска, кое ќе се одр­жи од 14 до 24 август, а иден­ти­чен под­виг на­пра­ви­ја и ју­ни­о­ри­те на ква­ли­фи­ка­ци­ски­от тур­нир во Скоп­је, што им овоз­мо­жи да се на­де­ва­ат на ме­дал на кон­ти­нен­тал­ни­от шам­пи­о­нат во Ав­стри­ја, кој ќе се игра од 24 ју­ли до 3 август. Ус­пе­си­те на се­ни­ор­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја, ко­ја игра во кон­ти­ну­и­тет на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, и на ЖРК Вар­дар, РК Вар­дар и ма­шка­та еки­па на Ме­та­лург, кои оста­наа во игра за два­та нај­вред­ни клуп­ски тро­феи во Евро­па, тие од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, се­га се на­до­пол­не­ти со ра­ко­мет­ни­от беј­би-бум. И ка­де­ти­те и ју­ни­о­ри­те се дел од кре­мот и нај­до­бри­те се­лек­ции на ста­ри­от кон­ти­нент, што по­твр­ду­ва де­ка во овој спорт, де­фи­ни­тив­но број 1 во Ма­ке­до­ни­ја, има­ме свет­ла перс­пе­кти­ва.

Ток­му при­ме­рот на ра­ко­мет­ни­от би­сер на Ме­та­лург, Фи­лип Та­ле­ски, кој има са­мо 18 го­ди­ни и е ра­ри­тет со ус­пе­шен на­стап во ист ква­ли­фи­ка­ци­ски цик­лус за две раз­лич­ни во­зрас­ни се­лек­ции, по­твр­ду­ва де­ка има­ме та­лен­ти што мо­жат да би­дат европ­ски и свет­ски ква­ли­тет ако пра­вил­но се ра­бо­ти. Та­ле­ски, ако сѐ би­де во ред, ќе има мож­ност да игра и за ју­ни­ор­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја на ЕП во Ав­стри­ја и на кон­ти­нен­тал­ни­от шам­пи­о­нат за ка­де­ти во Пол­ска. Тур­ни­рот во Ав­стри­ја за­вр­шу­ва на 3 август, а тој во Пол­ска ќе поч­не 11 де­на по­доц­на.

- Тоа мо­же да би­де проб­лем би­деј­ќи две­те пр­венс­тва се во тер­ми­ни што се мно­гу бли­ску еден до друг. Но, тоа не е важ­но, се ра­бо­ти за млад ра­ко­ме­тар што уште тре­ба да се раз­ви­ва и на­пор­но да ра­бо­ти. Ина­ку, та­лен­тот не е спо­рен. Па, ви­до­вте ка­ко игра и со по­во­зрас­ни ге­не­ра­ции од не­го. Се на­де­вам де­ка не­ма да лет­не во об­ла­ци и де­ка ќе про­дол­жи да на­пре­ду­ва – ве­ли не­го­ви­от тре­нер во Ме­та­лург ју­ни­ор, Але­ксан­дар Јо­виќ, кој е и се­ле­ктор на ка­дет­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја.

 

Filip-Talevski-sport84-2

За­гу­би ски­ја­ње­то, до­би ра­ко­ме­тот

Та­ле­ски е кру­шев­ча­нец, кој по­дол­го вре­ме жи­вее во на­ши­от гла­вен град. Ви­сок е 198 сан­ти­ме­три и игра на по­зи­ци­ја­та лев бек. Ве­ли де­ка мај­ка му е нај­зас­луж­на за тоа што игра ра­ко­мет. Има ин­те­рес­но об­јас­ну­ва­ње ка­ко Кру­ше­во оста­на без та­лен­ти­ран ски­јач, а Скоп­је, Ме­та­лург и Ма­ке­до­ни­ја до­би­ја перс­пе­кти­вен ра­ко­ме­тар.

- Поч­нав со ски­ја­ње­то во Кру­ше­во, но по­тоа се пре­се­лив­ме во Скоп­је и мај­ка ми ин­си­сти­ра­ше да поч­нам да тре­ни­рам ра­ко­мет. Се при­ја­вив во Ака­де­ми­ја­та на Ме­та­лург и пре­за­до­во­лен сум. Пет­та го­ди­на тре­ни­рам ра­ко­мет, а дол­го­го­диш­на­та од­лич­на ра­бо­та во мла­дин­ски­те ка­те­го­рии на клу­бот и вло­жу­ва­ња­та во ид­ни та­лен­ти да­ва­ат при­до­нес и за Ме­та­лург и за ре­пре­зен­та­ци­и­те на Ма­ке­до­ни­ја – ве­ли Та­ле­ски.

Тој бе­ше прв стре­лец во сед­ма­та ква­ли­фи­ка­ци­ска гру­па со 27 го­ла вкуп­но, за­ед­но со со­и­гра­чот од Ме­та­лург Ву­ко Бо­ро­зан, кој бе­ше гла­вен адут на Цр­на Го­ра во пр­ва­та ква­ли­фи­ка­ци­ска гру­па за ју­ни­о­ри. Ме­та­лург има­ше ду­ри 11 ре­пре­зен­та­тив­ци на Ма­ке­до­ни­ја, плус Бо­ро­зан за Цр­на Го­ра, што да­ва јас­на сли­ка де­ка мла­дин­ска­та шко­ла на „си­ни­те“ од Авто­ко­ман­да ра­бо­ти со пол­на па­реа.

- Тоа е до­бро и за ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. Во­и­гра­ни сме, игра­ме за­ед­но од де­ца и од­лич­но се поз­на­ва­ме. Се на­де­вам де­ка ќе про­дол­жи­ме да ре­ди­ме ус­пе­си и на клуп­ски и на ре­пре­зен­та­ти­вен план. Нѐ има од раз­лич­ни сре­ди­ни и гра­до­ви, но су­пер се сог­ла­су­ва­ме – до­да­ва 18-го­диш­ни­от лев бек.

Го­ди­на­ва на два­та ква­ли­фи­ка­ци­ски тур­нир, во Умаг со ка­де­ти­те и во Скоп­је со ју­ни­о­ри­те, Ма­ке­до­ни­ја бе­ше по­ра­зе­на са­мо ед­наш, од до­ма­ќи­нот Хр­ват­ска. Пет по­бе­ди, два плас­ма­ни на ЕП и еден три­умф со спе­ци­фи­чен сла­док вкус.

- По­бе­да­та про­тив Гр­ци­ја е најс­ла­тка. Во хо­тел нѐ гле­даа со потс­мев, но на те­рен сѐ бе­ше ко­рект­но. Се оби­доа да нѐ из­ва­дат од нор­ма­лен ко­ло­сек со ба­ра­ње­то на на­ши­те дре­со­ви да не стои име­то Ма­ке­до­ни­ја, но ко­неч­ни­от ефект е во на­ша пол­за. Се дру­жев­ме по­ве­ќе со врс­ни­ци­те од Ита­ли­ја, кои беа ма­кси­мал­но ко­рект­ни – ни из­ја­ви Та­ле­ски.

 

Filip-Talevski-sport84-4

Двој­на до­за на­ста­пи на европ­ски пр­венс­тва

Ма­ке­до­ни­ја ја оче­ку­ва ждреп­ка­та за два­та шам­пи­о­на­ти за мла­ди ка­те­го­рии во Пол­ска и во Ав­стри­ја, а Фи­лип по­са­ку­ва бал­кан­ска гру­па.

- По­до­бро е да игра­ме со Ср­би­ја и со Сло­ве­ни­ја, на при­мер, откол­ку со скан­ди­нав­ски се­лек­ции. Бал­кан­ски­от стил на ра­ко­мет по­ве­ќе ни ле­жи, и тоа ми ли­чи на по­до­бра ва­ри­јан­та. Со Ср­би­ја играв­ме при­ја­тел­ски нат­пре­вар, за­гу­бив­ме со 8 го­ла раз­ли­ка, но то­гаш бев­ме хен­ди­ке­пи­ра­ни во од­нос на про­тив­ни­ци­те. Тие беа мно­гу по­на­пред со под­го­то­вки­те и нѐ по­бе­ди­ја. Си­те ри­ва­ли на ЕП во Ав­стри­ја и во Пол­ска ќе би­дат сил­ни и нѐ оче­ку­ва­ат те­шки и не­из­вес­ни ме­че­ви. Се­пак, нај­до­бро е да ја по­че­ка­ме ждреп­ка­та за да би­де по­јас­на сли­ка­та за на­ши­те изг­ле­ди на две­те пр­венс­тва – ко­мен­ти­ра Та­ле­ски.

На клуп­ски план де­би­ти­ра­ше и за се­ни­ор­ски­от со­став на Ме­та­лург во СЕ­ХА-ли­га­та, а со сво­и­те идо­ли Ву­гри­нец, Мир­ку­лов­ски, Мој­сов­ски, Ма­на­сков, Ге­ор­ги­ев­ски… ќе се со­о­чи во нат­пре­ва­ри од плеј­фот во ма­ке­дон­ско­то пр­венс­тво. Та­ле­ски ќе игра за Ме­та­лург ју­ни­ор про­тив ре­но­ми­ра­ни ра­ко­мет­ни ими­ња и клу­бо­ви, ка­ко Пе­ли­стер, Вар­дар, Зо­ми­мак, а осо­бе­но ин­те­рес­ни ќе би­дат сред­би­те про­тив ма­тич­ни­от клуб Ме­та­лург.

- Ние спорт­ски се на­де­ва­ме на по­бе­да, и тоа ќе ни би­де цел на се­кој нат­пре­вар. Ќе игра­ме на­ша игра, ќе ги рес­пе­кти­ра­ме си­те и не­ма да се пре­да­ва­ме. Се­ка­ко де­ка за нас, пом­ла­ди­те со по­се­бен шарм ќе би­дат ду­е­ли­те на два­та клу­ба на Ме­та­лург. Се дру­жи­ме со нив, На­ум­че, Ре­на­то и оста­на­ти­те од се­ни­ор­ски­от со­став ни по­ма­га­ат со со­ве­ти, со за­бе­ле­шки ка­ко да ја по­до­бри­ме игра­та, да би­де­ме по­е­фи­кас­ни, ка­ко да на­па­ѓа­ме. Тоа е го­лем пот­тик и по­мош за нас пом­ла­ди­те, но на те­рен ќе да­де­ме сѐ од се­бе за до­стој­но да им се спро­тив­ста­ви­ме и на нив и на оста­на­ти­те фа­во­ри­ти, ка­ко Вар­дар, Пе­ли­стер и Зо­ми­мак – ко­мен­ти­ра та­лен­ти­ра­ни­от играч на Ме­та­лург ју­ни­ор.

 

Filip-Talevski-sport84-3

Ка­ко и се­кој Ма­ке­до­нец, по­са­ку­ва и Ме­та­лург и Вар­дар да па­ту­ва­ат во Келн

Не­из­беж­но е и пра­ша­ње­то за тоа ка­кви се шан­си­те на Ме­та­лург и на Вар­дар во че­тврт-фи­нал­ни­те ду­е­ли од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те про­тив гер­ман­ски­от дво­ец ги­ган­ти, Кил и Фленс­бург, се­ка­ко со по­се­бен фо­кус на ма­тич­ни­от клуб и дво­ме­чот со „зе­бри­те“ од Кил.

- Ми се до­па­ѓа­ат из­ја­ви­те на Мир­ку­лов­ски и на Ву­гри­нец. Ве­лат, ги по­бе­див­ме фран­цу­ски­от шам­пи­он Па­ри Сен-Жер­мен, по­тоа и шпан­ски­от пр­вак Бар­се­ло­на, па зо­што да не пад­не и гер­ман­ски­от шам­пи­он Кил? Мис­лам де­ка има­ме ед­на­кви шан­си со ри­ва­лот од Бун­дес ли­га­та. Мис­лам де­ка ќе из­не­на­ди­ме, Ме­та­лург има иску­сен и мно­гу ква­ли­те­тен со­став. По­са­ку­вам, ка­ко и се­кој Ма­ке­до­нец, и Вар­дар да се пла­си­ра на за­врш­ни­от тур­нир во Келн. Ре­ал­но, ќе би­де мно­гу те­шка ми­си­ја­та да се ели­ми­ни­ра­ат два гер­ман­ски со­ста­ви, но ни­кој не мо­же да ни ја од­зе­ме на­деж­та за ус­пех – за­вр­ши Та­ле­ски.

 

(Пишува: Зоран Поповски | Фото: Александар Ивановски
Текст објавен во 84. број на неделникот „Република“, 11.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top