Играчот за врска на Барселона, Андрес Иниеста, смета дека финалето на Кралскиот куп е одлична шанса неговиот тим да освои трофеј за спас на сезоната.
Барселона и Реал денеска на „Месталја“ од 21.30 часот ќе ги одмерат силите, а ова можеби е единствената шанса Каталонците да освојат трофеј бидејќи испаднаа од Лигата на шампиони, а во Примера заостануваат четири бода зад лидерот Атлетико Мадрид.
– Веруваме дека имаме квалитет да го освоиме Кралскиот куп, меѓутоа мораме да одиграме на највисоко ниво бидејќи пред нас е тежок ривал. Освојувањето на овој трофеј би ги израдувало нашите навивачи, а тоа би можело да биде и спас на сезоната. Од друга страна, освојувањето на купот нема да го смени тоа што испаднавме од Лигата на шампиони и направивме чекор назад во Примера – изјави Иниеста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.