| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк доцна се разигра

Њујорк никс остана без плејоф настап, а за утеха го доби дербито против Бруклин, и како што велат на шега аналитичарите во НБА, владеее во градот.

Без повредениот Кармело Ентони, Никс славеше со 109-98 во претпоследниот меч за нив во регуларниот дел од сезоната. Ѕвездата во подем Тим Хардавеј Јуниор го предводеше тимот на Њујорк со 16 поени, а добар меч одигра и триото Стадемаер, Смит и Браун, сите со по 14 поени.

Хардавеј е син на познатата поранешна НБА-ѕвезда Тим Хардавеј и е иднина на Њујорк никс, тим што веројатно од следната сезона ќе остане без Кармело Ентони. За него се заинтересирани повеќе клубови во НБА-лигата, а и тој најавува заминување. Никс остана покус за една победа зад осмопласираната Атланта хоукс, каде што игра нашиот репрезентативец Перо Антиќ.

Лос Анџелес клиперс ја продолжи битката за второто место во западната конференција со триумф од 117-105 против Денвер. Блејк Грифин беше најефикасен со 24 поени, а Крис Пол уфрли 21 поен. На Клиперс им треба победа против Портланд во последниот меч, но и помош од Детроит, екипа што треба да ја изненади Оклахома, за да им овозможи на Грифин, Пол и соиграчите од ЛА да бидат второпласирани на западот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top