| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен владин функционер за примање поткуп

lisici apsenje mafija
Полицијата уапсила владин функционер осомничен дека примал поткуп за давање субвенции, неофицијално дознава „Република“ од полициски извори.

Според првичните информации станува збор за вработен во владината Агенција за поддршка на земјоделството, а се сомничи дека барал поткуп за да исплати помош, која и така им следува на земјоделците во согласност со законите.

Од МВР за денеска веќе најавија прес-конференција на која ќе дадат повеќе информации за случај со примање поткуп, но не откриваат дали станува збор за истиот случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top