
Облачно време со дожд нè очекува оваа среда. Снег ќе паѓа на надморска висина преку 1.000 метри, пред сè во западниот и североисточниот дел од земјата. Врнежите ќе губат на интензитет во вечерните часови. Во текот на денот ќе биде релативно ветровито, со умерен северен и северозападен ветер.
Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата ќе биде значително понизок во однос на претходниот ден. Максимална температура околу 6°С се очекува во поголем дел од земјата. Исклучок ќе бидат местата во југоисточниот регион со максимална околу 10°С. На повисоките места во западниот регион максималната температура едвај ќе надмине 0°С, а во источниот регион на повисоките места таа ќе достигне вредност околу 4°С.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи, кои ќе го намалуваат интензитетот во вечерните часови. Температурата наутро ќе се спушти до минимални 4°С, а денот ќе биде релативно студен. Дневниот максимум ќе достигне вредност околу 6°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


