| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо од кафе-муабетот, Енвер од Зајас не гласал за Пендаровски

pendarovski

Енвер од Зајас, кој и стана познат на македонската јавност по легендарниот „телефонски разговор“ со претседателскиот кандидат на СДСМ што го имаше непосредно по почетокот на кампањата, сепак не гласал за Пендаровски во првиот круг од претседателските избори.

Според резултатите од првиот круг претседателски избори Стево Пендаровски освои нула гласови во селото Зајас, што значи дека за кандидатот на СДСМ не гласал ни Енвер со кого Пендаровски закажа кафе-муабет. Иронијата да биде уште поголема, останатите тројца кандидати, Ѓорге Иванов, Зоран Поповски и Илјаз Халими, имаат добиено гласови.

Не е познато дали одлуката на Енвер се должи поради тоа што Стево не го удосоил со кафе или од други причини. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top