| четврток, 6 декември 2018 |

Татјана Лазаревска освои 15.000 евра како победник на „Цветници“

Публиката преку смс пораки го одлучи победникот на 15. издание на фестивалот за фолк песни „Цветници“. „Љубовен жар“ на Татјана Лазаревска е песната која освои 432 гласа и ѝ донесе награда од 900.000 денари, односно 15.000 евра.

Песната е дело на Драги Станков, а текстот на Огнен Неделковски.

Младиот пејач Кирил Митовски го освои второт место и 10.000 евра, а третото место вредно 5.000 евра му пропадна на Ристо Краповски.

Наградата за животно дело годинава му е доделува на Благоја Десковски, композитор, инструменталист и долгогодишен раководител на Народниот Оркестар на Македонската Радио Телевизија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top