| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се Цветници – еден убав обичај носи радост!

цветници

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Цветници, денот кога Исус Христос со своите ученици свечено влегол во Ерусалим. Тогаш народот го дочекал Исус со палмини гранчиња и цвеќе, а овој настан секоја година се прославува една недела пред Велигден.

Според традицијата луѓето на овој ден се собираат во радост, но без веселба, и иако е пост, допуштено е да се јаде риба.

Обичај е во некои краишта воочи празникот жените да одат на ливада да наберат цвеќе, па да го стават во вода да преноќи, а наутро домашните се мијат со оваа вода.Требало да се побрза бидејќи преданието говори дека оној кој прв ќе набере цвет, една желба ќе му се исполни. Се верува дека е добро да се стави врбово гранче за брз напредок, некаде ставаат дрен за здравје, а девојките ставаат и темјанушки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top