Премиерот Никола Груевски на вечерашнот митинг кој се одржа во Гевгелија истакна дека во новата програма предвидуваат воведување на државна квота во втор и трет циклус на студии на универзитетите во Македонија, со што, како што рече, ќе се стремат да ги задржат најквалитетните студенти од секоја генерација.
-Владата на Македонија ќе го утврди бројот на квоти на студенти ослободени од плаќање на уписнина на докторски на магистерски студии и специјализации кои ќе се доделуваат на годишно ниво, посочи Груевски.
Како дел од проектите кои се однесуваат за образованието, Груевски истакна дека ќе продолжат со реконструкции и градби на нови училишта кои се точно наведени во новата партиска прогрма „Проверено“.
Груевски додаде дека ќе бидат набавени и 300.000 нови таблет компјутери со тастатура за македонските ученици во основното и средно образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


