На меѓународниот аеродром во Тирана е уапсен 30-годишниот Герти Пашја, по кого албанската полиција распиша меѓународна потерница, под обвинение дека е еден од главните организатори на испраќањето албански граѓани на боиштата во Сирија.
Како што јави дописникот на МИА, Пашја бил уапсен на аеродромскиот терминал веднаш по слетувањето на авионот од Истамбул.
На Пашја, познат под верското име Ебу Муџахиди, Судот за тешки кривини дела во Тирана во отсуство му изрече мерка притвор, заедно со уште неколку Албанци, кои се недостапни за полицијата, како и на седум други меѓу кои и самопрогласените имами Генци Бала од џамијата „Нов прстен“ во Тирана и Бијар Хиса од џамијата во селото Мезез, кои се сметаат за главни организатори на регрутирањето борци за Сирија.
Регрутираните Албанци откако пристигнувале во Турција, биле пречекувани од соработници на самопрогласените имами меѓу кои главен бил Пашја, кои потоа го организирал нивното пренесување во Сирија.
За 13-те лица кои добија притвор Обвнителството во Тирана, има силни докази дека се дел од терористичката исламистичка ќелија, која според последните информации на сириските боишта има испратено над 90 албански граѓани, меѓу нив и жени и деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


