| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица загинати во судири во источна Украина

Четири лица загинаа во денешните судири меѓу украинската армија и воружените проруски сепаратисти во реонот на Доњецк во источна Украина, јави ДПА.

– Судирите избувнаа додека украинската армија ја враќаше контролата над малиот аеродром во близина на градот Краматорск -изјави в.д. претседателот на Украина и претседавач на украинскиот Парламент, Олексанар Турчинов.

ДПА наведе дека се уште нема официјална потврда за бројот на жртвите, а портпартолот на сепаратистите наведе дека еден нивни припадник е повреден во престрелката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top