| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе нема обложување на натпревари од македонскиот шампионат!

Доколку некој сака да се обложува на македонскиот шампионат, најверојатно во иднина ќе нема можност за такво нешто. Фудбалската федерација на Македонија планира да испрати писмо до ФИФА од која ќе бара македонскиот шампионат да го нема на ниту една обложувалница во светот за да се запази регуларноста, пренесува Утрински весник.

Факт е дека од Македонија излегуваат многу сомнителни натпревари, и токму од тука на денешниот Управен одбор на ФФМ е донесена таква одлука за поведување иницијатива која ќе биде испратена и до светската фудбалска федерација.

Сепак, треба да се има предвид дека тоа е преголем „залак“ и за една институција како ФИФА, која секојдневно се бори со наместените натпревари и со обложувачката мафија. Останува да се види како ФИФА ќе одговори на ова барање на нашата федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top