| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската војска зазеде воен аеродром во источна Украина

Украински војници денеска го зазедоа воениот аеродром во близина на градот Краматорск во источниот дел на Украина, а при операцијата се повредени неколку лица, соопштија проруски активисти.

Украинските војници на воениот аеродром, што се наоѓа меѓу градовите Краматорск и Славјанск, пристигнале со оклопни транспортери.

– Тие почнаа да преговараат со народната милиција, која го контролираше аеродромот. Престрелката почна неочекувано. Има повредени меѓу припадниците на народната милиција, изјавија членови на оваа проруска паравоена формација.

Активистите соопштија и дека припадници на милицијата го блокирале влезот во градот Краматорски и се подготвени да го бранат.

Украинските медиуми наведуваат дека на аеродромот се слушаат истрели и експлозии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top