| четврток, 6 декември 2018 |

Според западните медиуми американските аналитичари немаат претстава што планира рускиот лидер!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, како и претходно го тера Западот да ја одгатнува неговата стратегија, пишува„Вашингтон тајмс“, објави „Руска реч“. Како што забележува весникот, на фонот на кризата во Украина, американските аналитичари признаваат дека често немаат никаква претстава за тоа што планира рускиот лидер. Според зборовите на еден од експертите, „ние дури не знаеме каква игра игра, не ни е позната неговата стратегија“.

Весникот, исто така, забележува дека, според мислењето на руските политиколози, Путин има не стратегија, туку мисија „да ја спаси Русија и Русите“.

Од својата страна, пак, „Вашингтон пост“ си поставува прашање уште колку дејства треба да направи Русија за да се предизвика посилна реакција од Западот на тоа што се случува на истокот во Украина. Весникот сметам дека Вашингтон треба побрзо да донесе мерки против Русија.

„Гардијан“ забележува дека во судирот меѓу Русија и Западот се игнорираат интересите на Украина. Било каков пат да изберат Брисел и Вашингтон, тие треба да запомнат дека повеќето жители во државата не се екстремисти, се кажува во статијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top