| четврток, 6 декември 2018 |

Алба: Изгледам многу полошо од она што луѓето го гледаат и го забележуваат

Убавата актерка Џесика Алба е една од оние кои не можат да поминат незабележано. Алба и не ужива премногу во статусот „најсекси“ и „најубава“, и често истакнува во интервјуата дека таа е само обична девојка.

Не се согласува со нејзината медиумска слика, а поради тоа има проблеми со самодовербата. Ѕвездата на филмовите „Фантастична четворка“, „Мачете“ и „Син Сити“ била со години несигурна во врска со нејзиниот изглед.

– Чувствувам голем притисок, затоа што медиумите направија нереална слика за мене како совршена жена. Не сум поинаква од другите. И јас имам целулит и митисери, откри 32-годишната актерка, која со помош на стилист научила како да го истакнува она најдоброто на своето тело и да ги прикрива недостатоците. Во сето тоа и дизајнерската облека многу и помага.

– Изгледам многу полошо од она што луѓето го гледаат и го забележуваат кога се шетам по црвениот килим, заклучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top