Холивудската глумица Џесика Алба за потребите на снимањето на нејзиниот нов новиот филм „Barely Lethal“ ја промени бојата на косата во плава.
Сигурно ќе кажете дека тоа не е ништо, но убавата глумица се плашела дека нејзината ќерка Хевен поради оваа промена нема да ја препознае.
– Кога се офарбав се плашев дека мојата ќерка Хевен нема да ме познае, но таа не ја ни забележа промената – рече низ смеа Алба, која истакна дека новата боја на косата и донела олеснување, бидејќи луѓето на улиците не ја препознаваат, па така таа има помалку проблеми со папарацо новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.