| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски во обиколка на населените места во општина Јегуновце

poposki3

Денешните ативности на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во изборната единица 6, Никола Попоски, продолжија со посети на селата Прељубиште, Шемшово, Жилче и Ратае и средби со жителите на овие села. Во Прељубиште, Попоски ги посети расадникот за украсни дрва “Euro Plants”, во кој се одгледуваат повеќе од 5 милиони украсни дрва, како и библиотеката “Светлина”, опремена со повеќе од 6.000 книги за потребите на населението од неколку околни села.

Во Жилче, Попоски го посети основното училиште и црквата “Св. Никола”. На средбите со жителите на споменатите села, носителот на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица 6 ги промовираше проектите за подршка на земјоделието од програмата на ВМРО-ДПМНЕ “Проверено”.

– Со проектот “Нови поволни кредити за земјоделството, преработувачката индустрија и откупот на земјоделски производи”, предвидуваме воспоставениот и функционален систем на државна поддршка за обезбедување на поволни кредити за овој сектор преку Македонската банка за поддршка на развојот да продолжи и понатаму. Имено, почнувајќи од 2014 г., ќе бидат обезбедени средства за поволни кредити со субвенционирани каматни стапки од 3% и 4% на годишно ниво за примарното земјоделско производство, преработувачката индустрија и откупот на земјоделските производи како неопходна поддршка за новите инвестиции – истакна Попоски на средбите со жителите на населените места од општина Јегуновце.

Попоски продолжува со посети на Јанчиште, Јегуновце, Туденце и Сиричино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top