| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев: Украина е на праг на граѓанска војна

Dmitry Medvedev

„Крв повторно се пролева во Украина и земјата е во предворјето на граѓанска војна“, напиша Дмитриј Медведев на својот профил на социјалната мрежа „фејсбук“.

Според Медведев, причина за украинската трагедија е тоа што легитимните власти не се ни обиделе да одржат ред и закон во оние делови од државата каде првично почна заземањето на административните згради.

Рускиот премиер смета дека сега незаконските власти се надеваат дека ќе воспостават ред кој самите го уништија додека доаѓаа на власт со оружен бунт.

– Акцијата предизвика противакција. Заради државниот удар, народот протестира во регионите и тоа е верижна реакција – пишува Медведев на својот Фејсбук профил.

Тој смета дека само народот може да создаде модерна украинска држава, без тутори, нацоналисти и бандити и без тајни посети на директорот на американската ЦИА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top