| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски денеска во посета на Битола

milososki500

Носителот на кандидатската листа за пратеници на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски е во посета на општина Битола.

Во рамките на посетата во 11 часот е предвидена посета на новата Стрепана и средба со спортистите и спортските работници.

Во 12 часот Милошоски ќе ги посети потпелистерските села Трново и Магарево и ќе оствари средба со жителите во дворот на црквата „Пресвета Богородица“ на локацијата каде што се одржуваат традиционалните иселенички средби и средби на децата бегалци од Егејска Македонија, каде што ќе има и свое обраќање.

Милошоски во 13 часот ќе го посети хотелот Молика на Пелистер и ќе се сретне со планинарски друштва и скијачи организатори на традиционалниот Пелистерски велеслалом.

Во 14 часот е посетата на селото Цапари и средба со земјоделци овоштари и сточари, додека во 18 часот во хотел „Милениум“, заедно со вице-премиерот Владимир Пешевски ќе оствари средба со стопанственици од Битола.

Во 18.30 Милошоски ќе присуствува на промоција на книгата Демнеечки Дух посветена на Ѓорѓи Доцев на Виолета Ачкоска во Мала Сала на Центар за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top