| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени 278 грама марихуана кај две момчиња од Свети Николе

Вчеравечер во 19:45 часот кај местото „Немањичка“ кај Свети Николе, при контрола на патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.Т.(27) од Неготино, пронајден е ранец во кој имало непозната материја.

По извршено вештачење на материјата е констатирано дека станува збор за опојна дрога марихуана со вкупна тежина од околу 278 грама.

Приведени се А.Т. и неговиот сопатник  Ј.Ф.(23), по целосно докуемнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top