Премиерот Никола Груевски денеска, од лично и од име на Владата, им го честита празникот Пасха на сите припадници на еврејската заедница во Република Македонија.
– Како најсилен бележник на легитимно остварените права и слободи, но и симбол на еврејскиот идентитет, историја и традиција, овој празник претставува богатство за мултиетничкиот и мултикултурниот карактер по кој е препознатлива Република Македонија. Наша е должноста и обврската да ги негуваме ваквите обележја зашто Република Македонија обединува еден отворен простор во кој се слават различностите, простор каде односите се темелат на почитување на човековото достоинство и права, почитување на принципите на демократија, отвореност и соработка – стои во честитката.
Премиерот Груевски изразува уверување дека и во иднина достоинствено ќе продолжи продлабочувањето и унапредувањето на ваквите вредности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски