| четврток, 6 декември 2018 |

Украина ја намали испораката на вода на Крим

Украина ја намали испораката на вода на Крим за дури 12 пати во однос на досегашното вообичаено водоснабдување, го извести претседателот на Крим, Сергеј Аксјонов, претседателот на Русија, Владимир Путин. Според пишувањето на „Глас на Русија“, Крим сега од Украина добива само 5,5 кубни метри вода во секунда, додека нормата изнесува околу 70 кубни метри во секунда. Поради ваквата зависност на Крим со водоснабдувањето од Украина, Владата во Симферопољ разгледува неколку алтернативни решенија. Како едно од можните решенија се споменува изградбата на водовод преку керченскиот мореуз за испорака на вода од краснодарскиот крај, како и можноста за дупчење длабоки бунари на територијата на Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top