| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Жириновски се појави во војничка униформа на седница на Думата

Претседателот и пратеник на руската Либерално-демократска партија, Владимир Жириновски дошол на седница на Думата во војничка униформа. Жириновски е лути што украинската служба за безбедност го ставила на црна листа и му забранила влез во Украина.

Националистичките украински групи „Десен сектор“ насилно влегле во седиштето на Комунистичката партија во североисточниот град Сума и го претепале секретарот на регионалниот комитет Валериј Сирјаченко. Порано припадниците на Десниот сектор насилно влегле во седиштето на Комунистичката партија во западниот град Ровно, пренесува „Раша тудеј“. Неидентификувани лица ги запалиле зградите на локалната администрација во селото Андреевка, во предградието на источниот украински град Славјанск, изјавил за „РТИА новости“ претставникот на градското собрание на Славјанск.

Проруските активисти продолжиле да го контролираат градското собрание и седиштето на полицијата во Горловка. Пред седиштето на полицијата активистите поставиле барикади направени од автомобилски гуми, а руските знамиња и знамињата на Народна Република Донецк се веат на зградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top