| четврток, 6 декември 2018 |

ФЗОМ: Лекарите кои исполиле услови за пензија може да работат со фондот

operacija-doktori-bolnica-foto-shutterstock-1389101572-423321

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги извесува сите лекари, носители на здравствена дејност, вработени на неопределено време со полно работно време, во приватни здравствени уставнови кои не се корисници на простор под закуп и кои оствариле право на пензија, дека можат да продолжат да работат со Фондот.

Како што е соопштено ваква одлука  донел  Управниот одбор (УО) на ФЗОМ.

Оваа можност лекарите може да ја остварат под услов пензијата да ја имаат ставено во мирување и да имаат валидна дозвола за работа во мрежата на здравствените установи.

Исто така Фондот за здравствено осигрување на Македонија им овозможува на лекарите – концесионери кои исполниле услови за пензионирање со добивање на нова лиценца од Министерството за здравство да склучат договор со Фондот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top