| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкл Фелпс се враќа од пензија

Најтрофејниот олимпиец на сите времиња Мајкл Фелпс се враќа во базенот, тој се пријавил за натпреварувањето во градот Меса во Аризона, во три дисциплини, 50, 100 метри слободно, како и 100 метри делфин стил, изјави неговиот тренер Боб Рауман.

Пливачкиот сојуз на САД денеска објави дека на митингот во градот Меса во Аризона од 24. до 26. април, покрај него, ќе учествуваат уште двајца „златни“ олимпијци – Рајан Лохти и Кејти Ледеки.

Фелпс во јуни полни 29 години, а на овој начин сака да се врати во форма како би настапил на ЛОИ во Рио во 2016 година. Тој минатата есен повторно почна да тренира и влезе во американскиот антидопинг систем. По шест месеци на таков режим, Фелпс доби зелено светло дека може да се натпреварува.

– Тој е физички подготвен за враќање на патеките. Останува да видиме какви резултати ќе постигне, иако ова е само една мерна станица. Главната цел е настапот на ЛОИ во Рио де Жанеиро – изјави неговиот тренер Боб Бауман.

Од 22 медали кои ги освоил на Олимписките игри, 18 се златни. Во Пекинг во 2008 година го урна рекордот на Марк Шпиц по бројот на златни медали на ОИ, бидејќи тогаш освои осум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top