| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта загуби во последната секунда, Мемфис го фати последниот воз

Мемфис до плејофот стигна благодарение на победата во Феникс над Санс со 97-91. Мемфис можеби ја забележа најважната победа сезонава, бидејќи доколку загубеа Феникс сериозно ќе се замешаа во борбата за осмата позиција.

Иако Гризлис целиот натпревар имаа резултатска предност, Санс на две минути до крајот успеаја да поведат, но по катастрофалното додавање на Драгиќ на околу 50 секунди до крајот му овозможи на Мемфис да се одлепи и лесно да го завршат натпреварот. Зек Реднолф имаше одлична вечер и мечот го заврши со 32 поена и 9 скока, додека Марк Гасол уфрли 18 поени.

Во случај Феникс во последниот натпревар во сезоната да го победи Сакраменто ќе стане втор тим во историјата кој со 48 победи не успеал да се пласира во плејоф.

Екипата на Атланта загуби во последната секунда од Шарлот. Хоукс имаше предност од 15 поени во последната четвртина од мечот со Шарлот, но откако тренерот Баденхолцер, со оглед на тоа што неговиот тим веќе има обезбедено плеј-оф, се одлучи да ги одмори Милсап, Керол и Корвер како и нашиот Антиќ и Џеф Тиг, по што се случи целосен пресврт и во последната секунда Даглас-Робертс донесе победа за Шарлот од 95-93.

Перо Антиќ за околу 19 минути минати на паркетот постигна 3 поени, дополнети и со три скока, две асистенции.

Мајами по поразот од Вашингтон Визардс со резултат 114-93 ги загуби шансите за првата позиција на истокот која дефинитивно ќе и припадне на Индијана пејсерс. Хит мечот го играше без Леброн Џејмс и Крис Бош, можеби тука треба да ја бара причината за убедливиот пораз.

Резултати: Филаделфија – Бостон 113-108, Торонто – Милвоки 110-100, Вашингтон – Мајами 114-93, Атланта – Шарлот 93-95, Чикаго – Орландо 108-95, Хјустон – Сан Антонио 104-98, Њу Орлеанс – Оклахома 101-89, Јута – ЛА Лејкерс 104-119, Феникс – Мемфис 91-97, Голден Стејт – Минесота 130-120

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top