Барселона има најдобри младинци во Европа, а потврда за квалитетот е триумфот во Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години. Во премиерното издание на ова натпреварување за млади категории, Барса во финалето ја совлада Бенфика со 3-0.
Родриго ѝ донесе предност на Барселона од 1-0 во финалниот меч, а потоа Бале утна пенал за Бенфика, по што тимот од Лисабон ги загуби шансите за евентуален успех. Ел Хадади со два гола стави печат на шампионската титула на каталонскиот состав.
УЕФА од оваа сезона одлучи и младите тимови да учествуваат во ЛШ и тоа според истиот распоред што го имаа и сениорските состави. Вака се играше во фазата по групи, а потоа по нокаут-систем се стаса до финалниот меч во првото издание на младинската ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.