| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Милошоски ја напушти Германија за да ги брани македонските интереси

Носителот на листа, Антонио Милошоски, ја напушти Германија и докторските студии, за да дојде овде да ги брани македонските интереси, откри Груевски вечерва пред охриѓани.

-Пред да дојдеме на власт, во 2006-тата година, го побарав Антонио Милошоски по телефон од Германија. Побарав од него, ако може, да ги стави во мирувања докторските студии и да дојде да ми помогне мене, на партијата и на државата.  Мене како кандидат за премиер, на партијата како партија во доаѓање на власт и откако ќе ја освоиме власта да помогне на Република Македонија, на македонските граѓани за просперитет, за подобра иднина, за еден добар правец. Антонио не се двоумеше. Многу брзо донесе одлука. Се спакува, ја остави Германија, дојде во Македонија. Пет години беше министер за надворешни работи, даде се од себе да ја промовира Македонија и интересите на македонскиот народ и на сите граѓани во Македонија. И успешно го правеше тоа, рече Груевски.

Груевски истакна дека овие цели Милошоски продолжил да ги остварува преку Парламентот, во функција на пратеник. Затоа порача пред охриѓани, дека тој ја заслужува нивната поддршка, многу повеќе отколку неговиот противкандидат, за кој порача дека, охриѓани ниту името му го знаат.

-Антонио е човек кој што се докажа во овој период. На листата имаме охриѓани кои се докажани. Имаме тим со кој можеме да ги исполнуваме ветувањата. Никогаш не сме ветиле дека ќе ги решиме сите проблеми, ниту пак сега ви ветуваме, но ветуваме дека ќе ги решиме овие работи, ветувања и проблеми кои сме ги посочиле во оваа програма, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top