Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се обрати пред охриѓани каде што ја истакна огромната доверба која гласачите вчера ја дадоа на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов и кандидат за втор мандат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
-Вчера во Република Македонија имаше избори. Ја видовме најреално од сите анкети во Македонија во која мнозинството граѓани ја даде поддршката на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, сегашниот и иден претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Ѓорѓе Иванов и ВМРО-ДПМНЕ добија околу 450.000 гласови од граѓаните на Република Македонија, 123.00 гласови разлика во однос на СДСМ. Република Македонија покажа дека знае да направи разлика, Охрид покажа дека знае да направи разлика. Охрид покажа дека знае да почитува вистински вредности, дела, труд и политичка групација која држи до зборот и ги реализира ветувањата, истакна Груевски.
Мило ми е што мнозинството граѓани во Република Македонија имаат искуство во политиката за да прават разлика меѓу оние кои ветуваат и не реализираат, додаде тој, не држат до зборот, во политичката кариера манипулираат со граѓаните, играат со нивните чувства, даваат лажни обвинувања и лажни ветувања да добијат гласови и власт.
-Од друга стана нова политичка гарнитура која од 2006 покажа дека може да се работи поинаку во политиката, која покажа што значи да имаш почит кон народот. Не само кон гласачот, туку народот, граѓаните кои во мнозинство не поддржуваат, рече тој.
Како што истакна Груевски, важно е да се даде збор, да се реализира ветеното, да се работи од утро до мрак и повеќе од тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


