| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен домот на Јованка Броз

jovanka_2013218145028
Засега непознати лица во текот на вчерашниот ден го ограбиле домот на Јованка Броз, вдовица на претседателот на некогашна СФР Југославија, Јосип Броз – Тито.

Како што соопшти денеска српската полиција, крадците упаднале во куќата, што се наоѓа во белградската елитна населба Дедиње, и украле засега неутврден број вредни предмети.

Истрагата околу грабежот е во тек, се наведува во полициското соопштение, без да се соопштат повеќе детали за целиот случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top