| четврток, 6 декември 2018 |

Завршуваат Деновите на македонската музика

соком

Вечерва во 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ), свечено ќе бидат затворени 37-мите Денови на македонска музика со концерт на Дувачкиот оркестар на АРМ, под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

Како гостин на вечерта ќе настапи саксофонистот Стив Теми од САД.

На концертот ќе се изведат дела од Кокан Димушевски, Илија Илиевски, Глигот Смокварски, Томе Манчев, Благој Цанев, Илија Пејовски, Александар Џамбазов и Џон Вилијамс.

Пред концертот ќе бидат врачени и наградите на СОКОМ, а влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top