
Никола Попоски, носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО ДПМНЕ и на коалицијата за изборната единица 6 денеска се сретна со здравствените работници во Тетово.
На средбата, Попоски, ги истакна реформите во здравството на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека во новата програма “Проверено” вметнати се многу новини и реформи меѓу кои и Проектот: Регионални центри за мозочен удар којшто предвидува отворање центри за третирање на лица кои доживеале мозочен удар.

Согласно динамиката за реализирање на овој проект во програмата, во периодот 2014-2018, вакви регионални центри ќе бидат отворени во склоп на клиничките болници во Битола, Тетово и во Штип којшто ќе чини 20.000.000 денари.
На средбата присуствуваше и директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Маја Парнарџиева Змејкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


