| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје објави конкурс за најдобра фотографија со мотиви до главниот град

skopje

Град Скопје објави Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје. Конкурсот е наменет за сите, и за аматери, но и за професионалци, а можат да учестуваат и деца.

Мотивите на фотографиите треба да се од Скопје, а изборот на фотографиите ќе го изврши специјална комисија формирана од Град Скопје. Фотографиите не треба да бидат постари од 5 години. Ќе се организира изложба за наградените фотографии во еден од културните центри.На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 40.000 денари, а трета награда 30.000 денари.

Ќе се оценуваат фотографии снимени во која било од општините кои се на територијата на градот Скопје. Ќе се оценуваат фотографии снимени во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона на годината.

Конкурсот трае до 31 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top