| четврток, 6 декември 2018 |

ИПИС имал најточни прогнози за претседателските избори

Анкетите направени во предизборниот период од страна на агенциите, освен процените за изборните резултати, ја покажаа и соодветноста на самите агенции, смета политичкиот аналитичар и сопственик на Институтот за политички истражувања Скопје, Владимир Божиновски, пишува „Курир“.

anketa-ipis500

Споредено со официјалните резултати од Претседателските избори на ДИК, најточни прогнози во предизборието имал ИПИС. Според анкетата објавена на 9.3.2014 година ИПИС прогнозирал дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов ќе освои 52 отсто од гласовите, а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски 34,5 проценти.

Официјалните податоци од ДИК се 51,67отсто за Ѓорге Иванов наспроти 37, 52 проценти за Стево Пендаровски.

– Истражувања во предизборниот период имаше од 4 агенции Институтот за политички истражувања (ИПИС), институтот „Димитрија Чуповски“, институтот „Павел Шатев“ и агенцијата „Рејтинг“. Овие анкети покажаа дека најблиску, односно точно ги погоди резултатите ИПИС, но многу беа блиску и институтите „Димитрија Чуповски“ и „Павел Шатев“, кои, исто така, се покажаа како соодветни институции, и тука се завршува списокот на соодветни агенции што објавуваат во Република Македонија – посочи Божиновски во изјава за „Курир“.

Меѓу сите агенции што презентираа анкети во пресрет на првиот изборен круг, сосема погрешни прогнози имаше агенцијата „Рејтинг“, која предвидуваше победа на Стево Пендаровски.

– Агенцијата „Рејтинг“ направи катастрофална грешка, не само што погрешија во однос за процентот на разликата што ќе ја имаат кандидатите , туки се направи и погрешна процена во однос на тоа кој ќе биде победник, затоа што прогнозираа дека Стево Пендаровски ќе има повеќе гласови од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов – истакна Божиносвки за „Курир“.

Според овие информации, како што нагласи Божиновски, уште еднаш се докажа дека ИПИС излегува со најточни прогнози во последните 10 години.

– Според ова се потврди дека Институтот за политички истражувања дал најточни прогнози, како и во изминативе 10 години, и институтот и јас стоиме зад своите анкети – посочува Божиновски повикувајќи ги и од агенцијата „Рејтинг“ да излезат со свое објаснување околу објавените резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top