Дружината на „Суперхикс“ оваа година активно тргна во прослава на 20 години постоење на групата. По тој повод, утре (вторник, 15 април) ќе биде објавено цеде изданието „Суперхикс The Best of 20 so far…“. Овој албум, чиј дизајн го изработи Гоце Лалковски (DjGoce D’Sauce), носи 18 песни кои во најголема мера ја одбележаа досегашната кариера на групата.
Промоцијата на албумот „Суперхикс The Best of 20 so far…“ ќе се одржи утре во „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, прв кат) со почеток во 12 часот, а со отворена покана до сите свои фанови и пријатели, банда инструментале најавува дека промоцијата ќе биде проследена и со заедничка прослава на 20-годишнината од постоењето на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


