| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА советувала напад на Донецк: Со сета сила удрете на истокот на Украина!

Специјална операција од огромни размери со учество на вооружените сили на Украина би можела уште вечерва да почне во донецката област, изјави шефот на безбедноста на Украина, Валентин Наливајченко, за телевизискиот канал „1+1“.

– Операцијата со воени елементи, со сериозно ангажирање на воените сили, антитерористички сили и припадници на органите на безбедност ќе почне во донецката област – го цитира Наливајченко „РИА новости“.

Претходно привремениот претседател на Украина, Олександр Турчинов, соопшти дека Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одлучил да почне напад од широки размери на исток на Украина, каде што е силно движењето за федерализација на Украина, јавува „Раша тудеј“.

– Советот за национална безбедност одлучи да почне голема антитерористичка операција која вклучува употреба на вооружените сили на Украина – вели Турчинов на ТВ каналот „Рада“. Додал дека таа операција вклучува и ангажирање на војската на Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top