| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Лавров: Не осудувајте се да употребите сила!

На сите настани што се случуваат во Украина, рускиот министер Сергеј Лавров ги предупреди властите во Киев да не употребуваат сила.
Русија ги оцени како неприфатливи заканите на властите во Киев упатени кон проруските активисти кои зазедоа неколку згради на регионалната управа во источниот дел на Украина.
– Во телефонскиот разговор на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со украинскиот колега Андрија Дешичиј, руската страна ја истакнала одговорноста на сегашните власти во Киев да ја спречат секоја употреба на сила во јужниот и југоисточниот дел на Украина – се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи и додава дека се неприфатливи постојаните закани на Киев дека ќе ги нападне демонстрантите кои се наоѓаат во зградите на локалната управа во Донецк и Лугански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top