| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштени се во продажба влезниците за „Здраво млади“

zdravo mladi

Пуштени се во продажба влезниците за фестивалот „Здраво млади“, кој ќе се одржи на 23 мај во Младинскиот културен ценатр (МКЦ) во Скопје. Влезниците  чинат 400 денари, од 27 април ќе бидат по 500 денари, а од 18 мај ќе се продаваат по цена од 600 денари.
На ова фестивалско издание се најавени американски бендови, калифорниско-њујоршкиот грув колкетив „Чк Чк Чк“ и постпанк составот од Оукленд, „Д софт мун“, како и скопските состави „Фонија“ и „Трас!“,  а остатокот од програмата ќе биде објавен наскоро.
Поради фактот што „Чк Чк Чк“ имаат ексклузивен настап во Скопје, за нивниот настап владее големо интересирање и во соседните земји.

Оваа година има новитет со таканаречен „другарски“ билет и сите што ќе купат заеднички четири билети, добиваат еден билет гратис.
Акцијата „другарски“ билет ќе биде спроведена само на билетарата на МКЦ.
Билети за „Здраво Млади“ ќе може да се набават на билетарата на МКЦ, во Југотон и Пола Југотон, а за заинтересираните од другите градови на Македонија постои мејл за резервација на билет на [email protected].

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top