| четврток, 6 декември 2018 |

НХЛ класик на стартот од плејофот, Бостон против Детроит

Вистинска класика во професионалната хокеарска лига на Северна Америка (НХЛ) се дуелите меѓу Бостон и Детроит, а двете екипи ќе играат меѓусебе во првата рунда од доигрувањето за титулата.

Бостон го освои првото место во источната конференција и ќе има преднос од еден меч повеќе на домашен терен против осмопласираниот Детроит. Двете екипи имаат огромен ривалитет, а се дел од таканаречените „Оригинални шест“. Тоа се шест состави што играат од самото формирање на НХЛ лигата, која го носи ореолот најсилна хокеарска лига на светот.

Во премиерниот дуел што ќе го означи стартот на плејофот ќе играат Тампа Беј и Монтреал. За тимот од Флорида, Тампа Беј настапува Стивен Стамкос, хокеар со македонско потекло.

Уште два тима од оригиналната шесторка ќе се судрат уште во првата рунда од доигрувањето за титулата и повторно тие се од источната конференција, а силите ќе ги одмерат Њујорк ренџерс и Монтреал.

Двојки за плејоф, прво коло:

Источна конференција: Тампа Беј – Монтреал, Бостон – Детроит, Њујорк Ренџерс – Филаделфија, Питсбург – Колумбус.

Западна конференција: Сент Луис – Чикаго, Колорадо – Минесота, Сан Хозе – Лос Анџелес, Анахејм – Далас.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top