Четири члена од семејство се повредени во синоќешниот инцидент во скопската населба Радишани. Според информациите од полицијата, околу 22 часот дошло до расправија, која преминала во тепачка меѓу две групи, сите од Радишани.
Во инцидентот се повредени 74-годишната Ш.З., Џ.З. (20), Б.З. (23) и Ф.З. (43), кои се пренесени во градската болница „8 Септември“.
По расправијата и тепачката, според полициските информации, 26-годишниот А.Д., кој бил дел од втората група, влегол во автомобил БМВ, по што се упатил кон толпата луѓе, удрил во нив и избегал.
Откако случајот бил пријавен во полиција, пронајден е А.Д. и извршен е увид на местото на инцидентот, но се трага и по другите учесници во тепачката.
Дополнително треба да биде утврдено и дали членовите од семејството повредите ги добиле за време на тепачката или по ударот од автомобилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Тешко повредено дете по удар од автомобил во Долно Свиларе
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!



