Факт е дека американските разузнавачки служби активно се вклучени во сѐ што се случува во Украина, а јас знам многу офицери од нашата служба за безбедност, рече украинскиот претседателски кандидат Олег Царев за телевизискиот канал „Русија 24“.
– Тоа оди дотаму што ми рекоа дека цел кат од службата за безбедност на Украина им е даден на американските разузнавачки агенции и дека украинските безбедносни служби не смеат да влегуваат таму – вели тој.
Царев, исто така, ја обвини власта во Киев дека предизвикува граѓанската војна и ги повика жителите од западна и централна Украина да ја поддржат идејата за федерализација.
– Драги пријатели, радикалните групи и власта во Киев, која зависи од нив, ја водат земјата во распад. Власта, која е должна да ја зацврсти земјата, денеска практично предизвикува граѓанска војна со испраќање војници да се борат против сопствените граѓани. Ги повикувам жителите на западна и централна Украина да ја поддржат идејата за федерализација поради спас на Украина – наведува во отвореното писмо Олег Царев.
Претходно Царев рече дека одговорноста за пролиената крв во Славјанкс лежи на душата на властите во Киев, кои наредија воена операција против своите граѓани кои се залагаат за федерализација на земјата, јавува „Раша тудеј“.
– Луѓето ја осудуваат власта и врз неа ја фрлаат целата вина за крвопролевањето – вели Царев.
Според неговотот мислење, неприфатлива е употребата на сила против демонстрантите.
– И изминатите месеци луѓето излегуваа на улица, изнесуваа барања, но властите не разговараа со нив. „Преговори“ се водат само со помош на органите на законот и по пат на апсење, заплашување и уцени, денеска применија и сила. Сметам дека ги поминаа сите граници – конкретен е Царев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД


