Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе годинава ќе учествува на сите трки од европскиот шампионат на ридски патеки.
Најдобриот македонски автомобилист уште на првата трка, која се возеше на патеката „Сен Жан Ду Гар“ во Франција, покажа дека ќе атакува на европската круна оваа година. Тој победи на сите три трки возени овој викенд и ја покажа својата сила во класата Н од ова натпреварување, каде што традиционално учествуваат најголем број возачи. Тој оваа година настапува со Мицубиши лансер ЕВО.
Следната трка се вози на падините близу Тулвиц во Австрија, која е на програмата од 25 до 27 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.