Несоодветното печење на месото може да биде прилично нездраво. Ако ги загорите и месото и останатата храна, тие создаваат хемикалии, како полициклични ароматични јаглеводороди и хетероциклички амини, соединенија кои го зголемуваат ризикот за тумор.
Готвачите експерти, но и научниците, советуваат месото да се приготвува со природни антиоксиданси, како што е рузмаринот, бидејќи така се намалува или елиминира присуството на штетни материи.
Месото што е подготвено во маринада од рузмарин или мајчина душица, црн пипер, сол, оригано, лук и кромид, босилек и магдонос има помалку штетни материи од класичниот начин.
Други совети за добра и здрава скара и вкусна храна:
• Скарата мора да биде чиста
• По секоја употреба, измијте ги решетките на скарата
• Суровото месо чувајте го во фрижидер или во преносен фрижидер, сѐ додека не го ставите на скара
• Чувајте го месото одвоени од готвената храна, свежото овошје и зеленчук
• Месото печете го на вистинската температура, не на прежешка, но не ни на преслаба
• Не дозволувајте месото на некои делови да стане црно. Ако, сепак, ви загори, отстранете го лошиот дел пред да го послужите
• Пред печење отстранете го вишокот масти за да се намали ризикот од согорување
• За да го спречите загорувањето, колбасите се печат на крај
• Не печете само месо, искористете ја скарата за подготовка и на зеленчук, како што се тиквички, пиперки, компири и модар патлиџан
• Печете ја рибата во алуминиумска фолија со малку лук, сок од лимон и бело вино.
За тоа како најдобро да го подготвите секое месо поединечно, прочитајте на следниов линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.