| четврток, 6 декември 2018 |

Милан сѐ поблиску до Европа, Катанија до Серија Б

Во претпоследниот натпревар од 33. коло во Серија А, Милан ја совлада Катанија со резултат 1-0 и со тоа ја прати во Серија Б.

Со оваа победа, четврта во низа, „росонерите“ избија на осмата позиција и се вклучија во борбата за позиција која носи во еврокуповите иако тоа изгледаше невозможно пред само неколку кола.

Стрелецот на победничкиот гол на натпреварот беше Рикардо Монтоливо во 23. минута, со удар од преку 30 метри прати проектил кој Андухар не можеше да го сопре.

Во 78. минута Ринаудо доби втор жолт картон, па гостинската екипа до крајот играше со играч помалку. Катанија по овој пораз остана закована на дното, со пет бода помалку од Ливорно и од Сасуоло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top