Советот за безбедност на ОН синоќа одржа вонредна седница за Украина, свикана на барање на Русија, откако вршителот на должноста претседател на Украина, Олександр Турчинов, нареди широка антитероритсичка операција со учество на вооружените сили против вооружените проруски активисти во источниот дел на земјата.
Западните земји ја обвинија Москва дека ги организирала тензиите во источниот дел на Укрина, а Москва, од своја страна, го повика Киев да престане со употребата на сила против „украинскиот народ“.
Рускиот постојан претставник во ОН, Виталиј Чуркин, изрази силна загриженост поради заканите на украинските власти дека ќе употребат сила против проруските активисти, што ги окупираа административните згради во источниот дел на земјата.
– Веќе беше пролеана крв и итно треба да биде избегната нова ескалација – истакна тој.
Чуркин изрази уверување дека спречувањето на граѓанската војна во Украина зависи од Западот. Западните сили треба да престанат да бараат руска трага во настаните во Југоисточна Украина, повика рускот претставник во ОН. Според него, четиристраната средба за Украина, коај е планирана за 17 април во Женева, може да биде откажана ако украинската армија почне операции во источниот дел на земјата.
Постојаниот претставник на САД во ОН, Саманта Пауер, ги осуди руските дезинформации и пропаганда обвинувајќи ја Москва дека ја создала и организирала нестабилноста во источна Украина.
– Настаните во изминатиот период во овој регион се целосна копија на тактиката, употребена од руските сили во првите фази од кризата во Крим – истакна постојаниот претставник на САД во ОН.
Пауер изрази целосна увереност дека Русија стои зад случувањата во источна Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина



